Испечати

Пржени лепчиња со млеко

Пржени лепчиња со млеко

Состојки

  • 12 кришки леб
  • 3 јајца
  • 150 мл. млеко или јогурт
  • сол по вкус
  • масло за пржење

Подготовка

Најдобро лебот да е стар ден два. Бидејќи ако е тазе ќе се рони.
Исечете го лебот на кришки дебели колку палецот.
Во сад ставете ги јајцата со солта,со вилушка или жица. Полека додајте го млекото.
На 1 јајце 50 мл. млеко .
Убаво матете ги со вилушката или жицата додека се соединат и смесата стане бледа жолта.
Загрејте масло. Секоја кришка од страните по малку макнувајте во смесата и ставајте во загеаното масло.
Вртете ги од двете страни додека малку поруменат. Испржете ги и останатите кришки леб.
Ставајте ги на хартија или салафетка за да се исцеди вишокот масло.
Служете ги со јогурт и сирење, како појадок или вечера.