Пржена кисела зелка
Многу често се приготвува кај нас дома.
Истовремено е и доста лесен начин да складирате поголема количина од зелката која ви преостанува на крајот од сезоната за зимници. Воопшто не го менува вкусот, туку напротив станува повкусна откако ќе одстои. Ви преостанува само да одмрзнете и ручекот е готов.
Јас понекогаш ја користам оваа смеса за приготвување на пита со зелка.
1. Најпрво оставете ја киселата зелка да се исцеди убаво, а потоа насецкајте ја на парчиња по Ваша желба. Истискајте ја силно со рацете, за да се одстрани секој вишок на течност.
2. Загрејте го маслото убаво и ставете ја исецканата кисела зелка. Пржете околу 5 минути, па додадете ги зачините. Ако има простор посолете, зависно од тоа колку е солена самата зелка. Јас додатното посолување го одбегнувам.
3. Откако ќе забележите дека зелката сосема омлитавела ставете го доматното пире и убаво промешајте.
4. На крај директно во тавата ставете ги јајцата и повторно промешајте убаво. Исклучете го огнот и од самата топлина јајцата ќе се допржат во смесата.
Може да се сервира и топло и ладно!
Сервирајте, складирајте...се според Вашите потреби!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а свекрва ми (од неа го научив рецептот) кога ја пржи гледам како ти што викаш да се прецрви во пржењето.Пробај ја и на овој начин.Ако некогаш ти преостанат само жолчки или белки,а не планираш или нема во што да ги искористиш,исто така може на овој начин,трпи.
И јас кога прв пат се сретнав со овој рецепт се чудев како тоа зелка и јајца,ама ете бивало
Па и така може да пробам....а и туршија сме пржеле,но јас не ја обичам многу,многу,ама можам да извадам некоја пиперка од таму
Поздрав
пак ли јас сироЌе испаднав?
само јас не го знам рецептов, а со домашно топло лепче ќе личам трудна уште 9 месеци од прејадување :) :) :) :)
Пржи,мачкај,јади и биди весела
Сликата е брзинска. Батериие откажаа од прва.
Ај,ќе те научиме со време :))
Поздрав многу
А ако кажеше дека и шампињони си ставила во зелката,ќе паднев од столче
го направив исто како тебе, само без сок од домати и нема утка.
фала :)
многу сакам старински рецепти, а вкусни :)
Јас пред некој ден му додадов и куркума одлично излезе :)
А инаку старинските рецепти најмногу им личат на млади домачици ко нас :):):) нели?
Супер,фала на постираното,се надевам ќе „прелажеме„ уште некој бидејќи и се ближи крајот...после на свежи треви ќе свртиме