Еден начин да ги искористиме и последните залихи од зелка.
Зелката се мие, ситно се сецка и се цеди од водата. Се става во тава за пржење и се додава 2 чаши чиста вода и свинската маст или масло. Се остава да се динста додека целата течност испари.
Откако испарила водата се додаваат пиперките исецкани на помали парчина и пршките (чварките). Додајте црн пипер по вкус а сол не е потребно зашто зелката и пиперките си имаат доволно сол. Се пржат со мешање да не прегори додека омекне и добие боја.
Се служи топла, задолжително со лепче!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани