Ваквиот десерт ми е омилен за пречекување на гости, посебно за празници, викенди. Толку едноставен и брзо се прави, измешајте вкусови, направете топчиња, извалкајте во декоративни трошки и.. воала! Преубав десерт за да ги изненадите пријателите и прекрасен подарок за саканите.

Подготовка
На пареа целосно стопете ја чоколодата, па додајте го шеќерот во прав. (ќе добиете смеса како тесто, но не грижете се).
Додајте го румот и мешајте. (сега ке добиете потечна смеса). Можете да додадете и екстракт од ванила, јаворов сируп, доколку имате, меѓутоа не мешам толку вкусови, доволно е румот.
Во процесор или блендер ставете ги Премиер вафлите на Винчини како и лешниците, но на кратко, да не добиеме брашно од нив туку само малку нека се поткршат.
Додадете го во чоколадната смеса и мешајте пополека, треба да се добие компактна смеса, спремна за бомбици.

Можете веднаш да ги правите, или доколку ви е потечна смесата оставете малу во фрижидер да се стегне.

Вака направените бомбици веднаш валајте ги во декоративните трошки, бидејки ако ги ставиме во фрижидер ќе се стврднат и нема да се залепат за нив.

Забелешка
Овие бомбици содржат алкохол (рум) бидејки нема техничка обработка на истиот.
Што повеќе стојат во фрижидер тоа поубави се, можете исто така да ги замрзнете и по потреба да си се почастите. (Ама кај нас стојат 2 саати и ги нема).
Доколку не се лепат трошките на нив, со помош на четкичка поминете со малку вода околу бомбиците.
Можете да ги направите неколку дена однапред, бидејќи што повеќе стојат тоа поубави се односно, самата вафла и лешниците ќе го впијат вкусот на румот.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови