Прелиен печен стар леб
Конечно најдовме нешто што ќе го намали вкусот на интегралниот леб кога го приготвуваме како бајат леб. Сме пробувале многу крокети, ќофтенца и слично, но интегралниот леб доминира на вкус. Овде беше совршен спој.
Празот и пиперките исецкајте ги ситно и пржете го во малку масло. Кога ќе почнат убаво да мирисаат, да омекнат, додадете го црвениот пипер да се пропржи.
Тргнете на страна и оставете да се олади малку.
За тоа време лепчињата премачкајте ги со путер или маргарин од долната страна, да не лепат, а и за шмек. Редете ги во тавчето во кое што ќе печете.
Изматете ги јајцата со јогуртот (млекото или киселата вода). Ние со јогурт правевме.
Додадете сол и бибер по вкус.
Кога пржената смеса ќе се олади, соединете ја со матените јајца и јогуртот, убаво промешајте и сипете ја смесата над лепчињата.
Печете во рерна 30ина мин на 200 степени, додека не фати румена коричка.
Лепчето ќе биде меко и сочно, а вкусот на преливот феноменален.
Јас го користев Делимано ростерот и длабоката тава за пржење.
Лиценца: Сите права се задржани