Прекрасна пита која се топи во уста, изгледа декоративно и брзо се прави. Ве советувам да не ги користите најтенките кори за пита, бидејќи ќе ви биде потешко за работа, корите омекнуваат со премачкувањето и може да почнат да се кинат. Првиот пат кога ја правев питава, користев многу тенки кори и едвај успеав да ги замотам корите во ролат и да го исечам на парчиња.

Подготовка

Измешајте ги сите состојки за филот.
Отворете ги корите и нанесете по 3 супени лажици од филот врз секоја кора. редете ги премачканите кори една врз друга, Гледајте да ви остане малку фил за на крај за да ја премачкате питата.
Кога ќе стигнете до последната кора, ставете го зајрето од кашкавал и шунка и замотајте ги сите кори во ролат.
Потоа отсечете ги краевите на ролатот по околу 4 см, а остатокот од ролатот исечете го во триаголници (види слика).
На подмачкан сад за печење (јас користев Делимано коперлукс 24) , наредете ги триаголниците во форма на сонце и ставете ги отсечените краеви во средина. Премачкајте ја питата со остатонатиот фил, посипете на средина со мешани семиња, а триаголниците со сусам. Се пече во загреана рерна на 200 Ц степени околу 40 минути или додека не се зацрви.
По печењето, оставете ја да се одмори 10 минути, а потоа сервирајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови