Варени ѓевреци - Посно (Божиќен календар 04)

Состојки
- Тесто
- 400 гр. брашно
- 200 мл. млака вода
- 1/2 коцка квасец
- 30 мл. масло
- 1 мала лажица шеќер
- Прстофат сол
- За варење
- 1 голема лажица мед
- 1 1/2 голема лажица кафеав шеќер мусковадо
- 1 полна голема лажица сода
- Дополнително
- 150-200 гр. сусам
- 1 голема лажица сол
Подготовка
1. Во сад се става брашното, во средината се прави дупка и се става квасецот 1/2 од водата и шеќерот, а солта се исипува од страна.
2. Кога квасецот ќе се актвира се додава останатата вода и маслото и се замесува тесто.
3. Тестото се остава да се дуплира на топло.
4. Се размесува тестото и се кинат топчиња на секое топче се прави дупка во средината така се формираат гевреците и се оставаат на набрашнета површина да одморат 10 минути.
5. Во тенџере на оган се става 1,5-2 литри вода и се загрева, но не да врие, се додаваат медот, шеќерот и содата.
6. Во водата се ставаат ѓевреците да се подварат (водата не треба да врие) и внимателно се вадат од водата со лажица решетка, се оставаат да се подоладат 20-30 секунди и се валкаат во сусамот.
7. Се редат во претходно намаслена тавичка и се посолуваат, се печат на 200 степени до поруменување.
- Сусамот можи да се запечи претходно.