Вкусни, декоративни, суви непчени колачи.

1.Од сите наведени состојки за тесто се замесува меко тесто.Убаво се изработува
и се остава 1 час во фрижидер (јас го оставив во длабоко замрзнување).
2.Со намрсени раце се кинат делчиња од по 10 гр., се обликоваат
топчиња и се редат на хартија за печење во плех. Топчињата треба да бидат мазни.
3. Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 12 минути.Треба да останат бели ,само долниот раб да порумени.
4.Кога малку ќе оладат се длабат со остар нож.Ронките ке ни требаат за фил.
5.Филот се прави од сите наведени состојки за фил, не треба да биди ни редок ни цврст.
6.Се полнат издлабените топчиња , и се составуваат две по две.
7.Прехрамбената боја (црвена и жолта) се раствора во малку вода.
Праските се макнуваат брсо и кратко, па се ставаат на хартија.
Кога ќе имаме околу 10 готови ги валкаме во шеќер.
Ги оставаме 24 часа да се просушат, па ги собираме во кутија со капак.

На здравје сладење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови