Празнична чоко торта
Подготовка
1. Прво во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Додаваме лажица масло.
2. Во сад ги соединуваме просеаните брашно, пециво какао, нишесте. И нив ги додаваме.
Смесата ја изедначуваме со шпатула.
3. Печиме 3 кори во калап со обрач, димензија 17-18цм, во кој има поставено хартија за печење. Или, може цело тесто да се испече во правоаголен плех, па да се исечат 3 идентични кругови, така е побрзо за подготовка.
4. Во вангличка се ставаат путерот и шеќерот во прав. Се мати убаво. Во тенџерче се става слатката павлака, да се загрее, па се додава искршеното чоколадо. Енергично се промешува, да се добие сјајна смеса. Се остава да се подизлади. Сега, лажица по лажица, се додава во изматениот путер и се мати со најмала брзина на миксерот.
5. На полужавник се става обрачот. Се става првата кора. Се попрскува со разредениот сок од вишни.
Се нанесува крем, па втора кора, се попрскува и таа, па крем, кора итн. Вака подготвена тортата се остава во фрижидер 2 часа. Потоа се отстранува обрачот и се декорира тортата од надворешната страна и одозгора.
Во мојот случај премачкана е со малку изматен ганаш и обложена е со тостирани лешници.
Завршна декорација има од ливчиња рузмарин, божиќен портокал.
Лиценца: Сите права се задржани
Brzo i vkusno tortice e
Mnogu, ama mnogu me izraduva Vesnic
Pa onaka nastana, nesto brzo i vkusno da e
Ne e skapa za podgotovka, nema orev, badem...
Korite moze da se poprskaat so sok od svezo ceden portokal
Sekoe dobro ti posakuvam
Malku za krckavost ja dekorirav so tostiran lesnik
Cekame tvoj vkusni recepti
Taka e