Декоративно и вкусно предјадење е мојот денешен предлог, кој ќе ја збогати празничната трпеза.

Прво на умерен оган го тостираме сусамот.
Оставаме на страна да се излади.
Сега во Апаратот за готвење со топол воздух ги ставаме лешниците да се запечат.
Оставаме да се изладат.
Им ја одстрануваме лушпата.
Внимателно во садот на нутрибулет ги мелиме сусамот и лешниците.
Ги оставаме во сад во кој додаваме кисела павлака, сол, бибер.
Соединуваме.
Листовите гауда кашкавал ги распоредуваме врз лист хартија за печење и внимаваме еден со друг лист по малку да се преклопуваат.
Листот хартија заедно со кашкавалот го ставаме во плех, па во релна која е загреана на 100 с.
Внимаваме и печиме можеби 3-4 минути, односно кашкавалот да почне да се растопува.
Го вадиме од рерна плехот.
Хартиијата заедно со кашкавалот ја поставуваме на работната маса.
По цела површина на кашкавалот размачкуваме од подготвениот фил.
На почеток на ролатот ставаме 4-5 парчиња црвена пиперка.
Виткаме ролат.
Го оставаме во фрижидер да се стегни.
Сечеме на парчиња и послужуваме во друштво на останатото предјадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани