Вкусен, декоративен ролат, кој ќе ја збогати вашата празнична трпеза.

Подготовка:

1. Земаме две ванглички и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме малку жолчките, додаваме сол, киселата павлака, брашно и пециво. Со чисти перки ги матиме белките во снег. Внимателно, лажица по лажица, ги соединуваме состојките од двете ванглички.
2. Смесата ја распоредуваме во плех, кој е обложен со хартија за печење. Печиме околу 25 мин на 180с.
Внимателно ја одстрануваме хартијата. Оставаме да се излади
3. Во сад ги соединуваме младото сирење, киселата павлака. Ја премачкуваме кората со филот, и редиме ленти сува печеница. Цврсто завиткуваме ролат.
4. Го викаме во фолија и го оставаме во фрижидер да се излади 2 часа. Го премачкуваме со кисела павлака и рендаме сирење. Сечиме на парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани