Поховани свински шницли
Подготовка на месото
Секоја шницла од двете страни по малку зачинете ги со солта, биберот и мешаниот сув зачин.
Оставете ги во фрижидер неколку часа да одстојат.
Во една чинија изматете ги јајцата со малку сол, во друга ставете брашно и во трета лебни трошки. Секоја шницла извалкајте ја прво во брашно, па во јајцето и на крај во лебните трошки.
Во тава загрејте го маслото и на среден оган испржете ги од двете страни. Потоа ставајте ги на салфетки да се впие вишокот на масло. Во меѓувреме додека се пржат шницлите подгответе го и прилогот.
Подготовка на прилогот.
Компирот и морковот излупете ги и исечете ги на помали коцки. Ставете ги во тенџере. Додајте го грашакот, водата, маслото и коцката за супа. Оставете ги да се варат. При крај кога водата испарила, останало сосем малку додајте ја пченката и путерот и варете ги додека течноста целосно испари.
Посложете ги додека се топли.
Лиценца: Сите права се задржани