Испечати

Поховани свински шницли

Поховани свински шницли

Состојки

  • 8 (600 гр) тенки свински шницли
  • по потреба сол, бибер и мешан сув зачин
  • За поховање
  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • по потреба лебни трошки
  • по потреба масло за пржење на шницлите
  • Прилог
  • 1 голем морков
  • 1 среден компир
  • 200 гр замрзнат грашок
  • 150 гр пченка од конзерва
  • 250 мл вода
  • 1/2 коцка за супа
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер

Подготовка

Подготовка на месото
Секоја шницла од двете страни по малку зачинете ги со солта, биберот и мешаниот сув зачин.
Оставете ги во фрижидер неколку часа да одстојат.
Во една чинија изматете ги јајцата со малку сол, во друга ставете брашно и во трета лебни трошки. Секоја шницла извалкајте ја прво во брашно, па во јајцето и на крај во лебните трошки.
Во тава загрејте го маслото и на среден оган испржете ги од двете страни. Потоа ставајте ги на салфетки да се впие вишокот на масло. Во меѓувреме додека се пржат шницлите подгответе го и прилогот.

Подготовка на прилогот.
Компирот и морковот излупете ги и исечете ги на помали коцки. Ставете ги во тенџере. Додајте го грашакот, водата, маслото и коцката за супа. Оставете ги да се варат. При крај кога водата испарила, останало сосем малку додајте ја пченката и путерот и варете ги додека течноста целосно испари.
Посложете ги додека се топли.