29
јан
2021
Похован праз со сирење
Интересен начин на употреба на празот, како мезе, и како дел од похована даска.
1. Празот го чистиме, миеме и сецкаме на помали парчиња (најмногу околу 5цм). Го ставаме во тенџере со вода и сол, вариме кратко додека да омекне. Го цедиме празот од водата, му го вадиме средишниот дел - кој не се фрла (и него го поховаме). На местото од средишниот дел ставаме парче сирење.
2. Готовите парчиња праз ги поховаме на следниот начин - прво во јајце, па во брашно, пак во јајце, па во лебните трошки. Пржиме во загреано масло на средна температура до заруменување. Ги вадиме врз хартиена салфета да се упие вишокот мрснотија.
Послужете додека се топли.
Лиценца: Сите права се задржани
Jas bi stavila parce kaskaval..
No toa e moj vkus
Ама овојпат со сирење решив да го направам.