14
окт
2012
Похован карфиол на мој начин
Карфиолот се чисти од листовите.
Потоа убаво се мие со вода, се сече на парчиња. Исечените парчиња се ставаат во тенџерче да провријат - да се обари карфиолот, потоа сварениот карфиол се цеди,
Во чинија се матат две јајца во кои се потопуват парченцата сварен карфиол претходно извалкан во презлата, брашното, сол и бибер. Во загреано масло се пржи карфиолот се додека добие убава жолта боја. Потоа се реди во чинија.
Добар Апетит
Навистина лесен рецепт за убава вечера.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови