1. Се дели карфиолот на цветови, се мие и се обарува во солена вода на умерена температура 10на мин. Се внимава да не се превари и да се распаѓа. Потоа се цеди од водата.

2. За тоа време се спрема смесата за поховање. Јајцата се разматуваат со вилушка, се додава пивото и постепено брашното и на крај зачините и солта. Брашното додавајте го постепено, смесата треба да е густа најмногу колку за палачинки, бидејќи ако е погуста нема да може да навлегува и во внатрешноста на цветовите, ќе остани само надвор.

Секое парче карфиол макајте го убаво во смесата од сите страни (гледајте малку и низ отворите да нзвлезе) и потоа ставајте да се пржи во длабоко масло.

Испржениот карфиол ставете го во чинија обложена со хартиена подлога за да се впие мрснотијата која ја има одозгора и служете го топол како предјадење или додаток на главно јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани