Сочно и вкусно селско месо во истант компир пире. Се разбира дека ако не користите компир во снегулки, можете да си го подготвите и со варен компир по ваш вкус.

Подготовка
1. Месото го сечкаме на коцки- залчиња. Го динстаме, па го запржуваме во свинска маст, зачинуваме со сол, бибер и буковец.
2. Го тргаме на страна, го ставаме во тавата во која ќе го печеме.
3. Во истото тавче запржуваме ситно насечкани печурки и нив ги додаваме кон месото.
4. На свинска маст (2-3 лажици) во истото тавче ставаме ситно насечкано лукче кратко да ни се запржи, додаваме брашно и црвен пипер, запржуваме и додаваме вода(околу ½ л). Нешто налик на бешамел треба да ни биде сосов.
5. Со сосов го залеваме месото и го ставаме во загреана рерна на 200 степени да се пече околу 45 минути.
6. Откако ќе се испече и испари водата го оставаме да излади па го подготвуваме инстант пирето.
7. Водата заедно со сол ја доведуваме до вриење, па го ставаме компировите снегулки, мешаме. Додаваме путер и млеко, соединуваме брзо со мешање, за да не ни се направат грутки. Откако е готово со него го залеваме селското месо.
8. Потпекуваме околу 10-15 минути на 180 степени.

Забелешка
Вака го подготвувам јас селското месо. Убаво искрчкано и запечено се приготвува во земјена тава.
Но овој пат бидејќи подготвив поголема количина морав наредниот ден да го искористам месото, а да не биде истиот ручек. Така направив истант пире и го залив месото со него, па го потпеков. Нарендав пармезан одозгора и ручекот не се познаваше дека веќе ни бил на мени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани