Ставете тенџере со вода, малку масло и 1 лажичка сол да зоврие и во него потоа сварете ги корите со повремено мешање.
Сварените и исцедени кори истурете ги во поголема тава за печење. Издробете го сирењето, промешајте и порамнете.
Во подлабок сад изматете ги јајцата и дотурете го јогуртот и послолете спрема вкус.
Смесата истурете ја врз тавата со кори, убаво распоредете ја и ставете да се печи во загреана рерна од 200 степени 20-30 мин.
Сервирајте ги топли (ни ладни ништо не им фали) и исечени на парчиња со чаша ладен јогурт, на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани