27
јун
2012
Потпечени кори со сирење
Ставете тенџере со вода, малку масло и 1 лажичка сол да зоврие и во него потоа сварете ги корите со повремено мешање.
Сварените и исцедени кори истурете ги во поголема тава за печење. Издробете го сирењето, промешајте и порамнете.
Во подлабок сад изматете ги јајцата и дотурете го јогуртот и послолете спрема вкус.
Смесата истурете ја врз тавата со кори, убаво распоредете ја и ставете да се печи во загреана рерна од 200 степени 20-30 мин.
Сервирајте ги топли (ни ладни ништо не им фали) и исечени на парчиња со чаша ладен јогурт, на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Ama sega NE! Ke se spremam za plaza:))))
а фотографииве ти се која од која подобри!
умна главо :) :) :) :)
Е сега за јуфките... Да не беше нетот, јас до умирачка кори ќе ги знаев хахаха... поимот ЈУФКИ за мене беше замисла за некоја врста плетенки или суканици на коса :)))))))така... од секогаш во реалниов ми живот ги слушам под името КОРИ... и на есен, кога жеништава се распостелат по дворовите со сушалките и чаршафите викаат дека ќе прават КОРИ :)))
Ама јас, дека шетано чупе сум, дури до You Tube сум била, се сетив дека тоа ти било едно те исто, па за да се извадам од „калта“ во состојките во заграда си пишав и јуфки ;) ... да не ме клеветиш за лажов :)))
Мило ми е што ви се допадна, посебно штом е позитивна критиката од свекрвата нема што да се кажи повеќе ;)