Потпечени компири и тиквички
Едноставно вкусно јадење, одличен прилог.
1.Компирите се дробат на крукчиња и се ставаат во зовриена солена вода да поварат на умерен оган 5 мин..
2.Тиквиците се дробат исто на крукчиња.
3.Во тава се ставаат добро исцедените компири и тиквичките. Се зачинуваат со зачини по вкус.Се попрскуваат убаво со маслиново масло.Се меша убаво и се става да се потпече во рерна на 200 степени околу 30 - 40 мин..
4.После тоа врема се вади тавата и се полева со смесата од разматени јајца со неутралната павлака.Малку се зачинува.Се враќа повторно во рерна додека порумени убаво, околу 15 мин..
Се послужува топло.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани