25
јун
2012
Потпечен карфиол
Карфиолот се дели на цветчиња и се става во солена вода да се вари. Одкога ќе зоврие се вари 5 мин и се цеди од водата.
Тавата за печење се мачка со путер се додава сечкано лукче, па одозгора се става карфиолот исцеден од вода па сецканата сланина, ренданиот кашкавал, сол, бибер, вегета .
Настрана се меша неутралната и киселата павлака и со оваа смеса се полева карфиолот најгоре се става презла и се става да се пече во загреана релна на 220 степени 20 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови