22
мар
2015
Чоколадно колаче (посно)
Брашното, какаото и пецивото просејте ги низ сито и ставете ги во сад. Додајте го шеќерот, маслото, млекото, ванилата и мешајте со жица да се иседначи, да нема грутчиња.
Смесата истурете ја во помало плехче, намачкано со масло и посипано со брашно.
Јас е користев силиконската правоаголна тава.
Над смесата наредете ги лешниците и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Печениот колач оставете го да олади, посипете го со шеќер во прав и послужете го.
Лиценца: Сите права се задржани
od malku sostojki so se najdoa po doma ispadna brzinsko, vkusno kolace:)))