![Посни пралини со тиква, авокадо и чоколадо](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/11/250113638_603812277414982_6381020239359639091_n-1-74acfa-800x480.jpg)
6
ное
2021
Посни пралини со тиква, авокадо и чоколадо
Превкусни, нежни и лесни бомбици со убава текстура кои го пленат вашето непце.
1. Авокадото и тиквата се пасираат со вилушка. На страна се топи чоколадото заедно со маргаринот, над пареа. Се додава во испасираните авокадо и тиква. Се меша да се добие хомогена смеса.
2. Во изедначената смеса се додаваат кокосот, медот, оревите, какаото и убаво се меша. Се остава во фрижидер да се стврдне смесата околу 1 саат.
3. Се обликуваат бомбици кои се валкаат во мелени ореви, кокос, какао или во мак.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани