Посни пралини со тиква, авокадо и чоколадо
Состојки
- 1 авокадо
- 1 парче печена тиква (100гр)
- 100 гр чоколадо
- 1 лажица маргарин
- 1 лажица какао
- 3 лажици кокос
- 150 гр мелени ореви
- 3 лажици мед
- Уште за увалување
- 100 гр кокос, мак, ореви
Подготовка
Превкусни, нежни и лесни бомбици со убава текстура кои го пленат вашето непце.
1. Авокадото и тиквата се пасираат со вилушка. На страна се топи чоколадото заедно со маргаринот, над пареа. Се додава во испасираните авокадо и тиква. Се меша да се добие хомогена смеса.
2. Во изедначената смеса се додаваат кокосот, медот, оревите, какаото и убаво се меша. Се остава во фрижидер да се стврдне смесата околу 1 саат.
3. Се обликуваат бомбици кои се валкаат во мелени ореви, кокос, какао или во мак.
На здравје!