Од вака добиената смеса можете да ги полните силиконските калапи за пралини или да си правите бомбици и креирате онака како што ќе ве води идејата...
Подготовка
1. Маргаринот заедно со чоколадото и шеќерот во прав растопете ги на пареа, бркајте со лажица се додека не се стопи шеќерот, а тоа е многу бргу. Тргнете од огнот, оставете малку да олади.
2. Додадете го румот и смелените ореви се додека не добиете смеса која се лесно обликува.

Забелешка
Забележавте дека нема количина на ореви, никогаш не измереив, во смесата ставам онолку колку што е потребно да стане податна за да можам да обликувам од нив формите. На вас останува дали ќе се одлучите да направите пралини, значи како во предходно опишаните пралини постапката е иста - ги правите прво формите од калапот, ги вадите, а потоа лажичка мала од припреманата глазура и вметнувајте ја направената форма од смесата. Ставете за 15 мин. во фрижидер и потоа вадете ги од калапот. Ако се одлучите и за бомбици - валкајте ги во мелени ореви, кокос... изберете си вие или пак глазрајте ги со самата глазура.
Бидете креативни... може шареноликост да спремате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани