Еве една измислена брзинска рецепта. Обожавам да експериментирам, а со тестенини во секој случај не може да има утка. =)

Сварете ги макароните, но не целосно, само неколку минути. Додека чекате да зоврие посолената водата за макароните, ставете зејтин да се загрее во едно тавче. Пропржете го со ренданиот кромид и морков. Додадете го доматниот сос, чили сосот и зачините и нека се пропржи само неколку минути. Откако ќе го тргнете од оган, можете малку да изрендате од кашкавалот и да промешате.

Во тавче ставете ги макароните со водата (не ги цедете)! Додадете го сосот, промешајте и ставете да се печат на 250 степени. Додека малку не испари водата.
Неколку минути пред крај, изрендајте го кашкавалот одозгора и тоа е тоа.

Јас ги сакам посочни, не ги сакам крцкави, бидејќи имам чувство дека ги јадам живи, па затоа не ги печев многу.
Многу едноставно и брзо.
Пријатен апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови