Испечати

Посни потпечени макарони со чили сос и кашкавал

Посни потпечени макарони со чили сос и кашкавал

Состојки

  • 700 гр. посни макарони
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 500 мл. доматен сос
  • 3 лажици чили сос
  • 200 гр. кашкавал
  • ѓубмир, кари, оригано, црн бибер...

Подготовка

Еве една измислена брзинска рецепта. Обожавам да експериментирам, а со тестенини во секој случај не може да има утка. =)

Сварете ги макароните, но не целосно, само неколку минути. Додека чекате да зоврие посолената водата за макароните, ставете зејтин да се загрее во едно тавче. Пропржете го со ренданиот кромид и морков. Додадете го доматниот сос, чили сосот и зачините и нека се пропржи само неколку минути. Откако ќе го тргнете од оган, можете малку да изрендате од кашкавалот и да промешате.

Во тавче ставете ги макароните со водата (не ги цедете)! Додадете го сосот, промешајте и ставете да се печат на 250 степени. Додека малку не испари водата.
Неколку минути пред крај, изрендајте го кашкавалот одозгора и тоа е тоа.

Јас ги сакам посочни, не ги сакам крцкави, бидејќи имам чувство дека ги јадам живи, па затоа не ги печев многу.
Многу едноставно и брзо.
Пријатен апетит.