
Посни поленти пиперки
За време на велигденскиве пости еве одличен рецепт за ручек без да осетите разлика дека нема месо во јадењето. Се приготвува на ист начин како и полнети пиперки со мелено месо.
 Значи се сецкаат ситно кромидот, морковот, модриот патлиџан и тиквичката (јас користам сецко) и сите се запржуваат па се додава оризот, доматот/доматното пире и зачините.
 Се полнат пиперките, се затвораат со едно тркалце од тиквичката и се преливаат до половина со вода. Се пече на 200 степени околу 20-30 минути.
 И тоа е тоа!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови




















