Видео рецепт: Посни полнети пиперки
За сите кои постат, Фичо ќе подготви едноставен рецепт за посни полнети пиперки.
Подготовка
Чекор 1: Пиперките исечете ги на половина, исчистете ги жилите и спуштете ги во зовриена солена вода околу 7-8 минути. Тргнете ги на страна.
Чекор 2: Во истото тенџере ставете ја златната мешавина да се свари. Сварена исцедете ја.
Чекор 3: Исцедената мешавина пропржете ја на маслиново масло, додадете црвен пипер, лукче и малку кромид. Додадете зачини по ваша желба.
Чекор 4: Ставете ја растителната павлака во садот за сос. Додадете сол, бибер и малку каси и оставете нека проврие.
Чекор 5: Секоја пиперка полнете ја со мешавината, а одозгора прелејте ја со растителната павлака.
Чекор 6: Печете на 220 степени околу 12 минути да заруменат и сервирајте.
СОВЕТ: Внимавајте кога ќе ги обарувате пиперките, да не ги преварите, за да не ја изгубат формата.