Со мало закаснување да си почнам со посните рецепти =)
Едноставни погачки, брзи за подготовка, а зеленчукот во тестото ги прави посебно меки. Може да експериментирате и да додадете и брокула, карфиол, тиква или било што по желба и вкус.
Ќе напоменам дека количините се доста мали, како и кај скоро сите мои посни рецепти од причина за да не заостанува и да не биде монотона исхраната.

1. Морковот и компирот сварете ги во малку посолена вода, прецедете и испасирајте. Додадете малку брашно за да се разбие топлината. Во сад со 100мл. вода растворете го квасецот и додадете го во садот за месење. Постепено додавајте брашно во кое претходно сте ставиле сол и шеќер и замесете малку лепливо меко тесто. Оставете го на топло да стасува, околу 45 мин до 1 час.
2. На набрашнета работна површина ставете го стасаното тесто и со сукало развлечете кора со дебелина од 4-5мм. Со чашка или калапче вадете форми и ставете ги во набрашнет плех.
3. Во садот со сенфот ставете малку водичка колку само да се раствори, па премачкајте ги погачките. Наросете сусам, ким, оригано по желба иставете да се печат во претходно загреана рерна на 220С. Печете додека не добијат убава боја и не нараснат малку.
Меки се и неколку дена потоа.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани