Предлог за посен ручек во постиве.
Наутот ставете го во вода преку ноќ да набубри. Другиот ден истурете ја водата и налејте го со нова и ставете го да вари околу 45 мин додека омене. Потоа исцедете го и оставете го да олади.
Компирот и морковот излупете ги и исечете ги на помали коцки.Ставете ги да се варат додека омекнат. Исцедете ги и оставете ги да оладат.
Многу е важно да бидат убаво исцедени и оладени за полесно да се формираат плескавиците.
Кромидот изрендајте го а лукот притиснете го низ преса.
Сите ставете ги во сад и додајте ги сусамот, сончогледот и зачините по вкус.
Изблендирајте ги да се направи изедначена смеса - пире.
Во плех ставите хартија за печење.
Рерната уклучете ја да се загрева на 200 степени.
Од добиеното пире (бидејќи е лепливо) со намрсени раце формирајте подебелки ќофтиња и малку раздалечени редете ги во плехот. При печењето малку се шират и затоа измеѓу нив нека има растојание.
Одозгора попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат околу 25-30 минути, да зафатат коричка.
Послужете ги со прилог и салата по желба. Во мојов случај, тиквички беше изборот.
За прилогот
Тиквичките излупете ги и исечете ги на лентички или кругови. Посолете ги и оставете ги да пуштат вода, потоа исцедете ги.
На загреана грил тава со малку масло испржете ги од двете страни. Кога се готови зачинете ги со лук и магдонос по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани