29
дек
2014
Посни макарони со спанаќ
Спанаќот најпрво одмрзнете го.
Кромидот ситно исецкајте го и малку пропржете го во тава со маслиновото масло и маргаринот. Додајте го спанаќот, измешајте и уште малку пржете ги. Додајте ги зачините и водата и оставете ги да се вари додека течноста испари.
Во меѓувреме сварете ги макароните во зовриена посолена вода и исцедете ги.
Кога водата од спанаќот е испарена додајте ги макароните, павлаката за готвење и убаво измешајте.
Послужете ги топли со салата по желба.
Наместо замрзнат спанаќ може да си користите и свеж.
Време е од пост и време од спанаќ, па оваа идеа за ручек можеби ќе ви се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани