Посни кремови
Брз и многу вкусен десерт, погоден за постите. Комбинациите се по желба.
1. Прво треба да се подготват кремовите.
Во 2 сада на оган ставете ја водата, шеќерот, чоколадото во прав, румот/ванилата и сокот од лимон. Во 2 чашки со малку вода растворете го густионот (соодветно за чоколадниот крем 4 лажици, за ванила кремот 3 лажици) и кога ќе зоврие водата додадете го и мешајте додека се згусне (треба да биде многу густо). Распоредете ги во помали чашки и оставете да се изладат.
Од чоколадниот крем ми излегоа 4 мали чашки за кафе, од ванила кремот 3. Се распоредува во чаши за полесна комбинација со останатите состојки.
2. Следниот чекор е по желба, односно може да си направите комбинации кои ви се најубави. Во блендер прво се ставаат состојките по желба, се миксира, а потоа се додава 1 чашка чоколадниот или ванила кремот.
Долу на сликите може да ги видите сите комбинации кои ги направив.
Слика 1 (од лево кон десно
1. Банана-вишна-лешник-ванила крем
2. Урма-лешник-ванила крем
3.Вишна-чоколаден крем
Слика 2 (од лево кон десно)
1. Банана-вишна-лешник-чоколаден крем
2. Вишна-урма-чоколаден крем
3.Банана-лешник-чоколаден крем
И седмата комбинација е банана-лешник-ванила крем, додека на главната слика имате шарена комбинација.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Може и со млеко се разбира, ама морав да прилагодам за периодов. Инаку воопшто не се ни осеќа, самото овошје го дава вкусот.
Се ближат пости, се надевам ќе го пробате рецептот и ќе пишете коментар :)
Поздрав.