Интересни и необични....посни копанчиња

Подготовката е брза и лесна

1. Најпрво ја цедиме туната од течноста, додаваме ситно исецкан кромид.
2. Маргаринот (на собна температура) го миксираме.
3. Потоа ги блендираме двете состојки до добивање на фина паштета.
4. Ставаме зачини по вкус (сол, црн бибер...)
5. Додаваме мелени оризови ДмБио солени галети до добивање на смеса идеална за формирање на копанчињата (јас искористив 2 парчиња).
6. Смесата ја оставаме пола час во фрижидер да се стегне делумно од маргаринот, па потоа го формираме месото од копанчињата врз грисините, кои ќе ни послужат како коска.
7. Копанчињата ги увалуваме во мелени оризови ДмБио солени галети.

Забелешка - Од оваа доза испаѓаат 10 копанчиња како на сликата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови