Испечати

Туна копанчиња (посно)

Туна копанчиња (посно)

Состојки

  • 100гр Туна (исцедена од течноста)
  • 50гр Маргарин
  • 1 главица Кромид
  • 3 Парчиња Оризови ДмБио Солени Галети (мелени)
  • 1 парче Оризова ДмБио Галета (за декорација)
  • по вкус сол, црн бибер

Подготовка

Интересни и необични....посни копанчиња

Подготовката е брза и лесна

1. Најпрво ја цедиме туната од течноста, додаваме ситно исецкан кромид.
2. Маргаринот (на собна температура) го миксираме.
3. Потоа ги блендираме двете состојки до добивање на фина паштета.
4. Ставаме зачини по вкус (сол, црн бибер...)
5. Додаваме мелени оризови ДмБио солени галети до добивање на смеса идеална за формирање на копанчињата (јас искористив 2 парчиња).
6. Смесата ја оставаме пола час во фрижидер да се стегне делумно од маргаринот, па потоа го формираме месото од копанчињата врз грисините, кои ќе ни послужат како коска.
7. Копанчињата ги увалуваме во мелени оризови ДмБио солени галети.

Забелешка - Од оваа доза испаѓаат 10 копанчиња како на сликата.