Посни колачи со урма, брусница, сончоглед(без шеќер)
Побрзи бомбици нема. Цела работа ја завршува Нутрибулетот. Доколку немате Нутрибулет, состојките ставете ги во машина за мелење месо или во сецко.
Во садот се ставаат брусницата, семките, урмите и сокот од портокал.
Нека се соединат убаво во изедначена смеса. Сега се додаваат мелените ореви. Количината може да варира со +,- 20 гр, се во зависност од големината на портокалот.
Треба да се добие смеса од која лесно ќе се формираат бомбици.
Се редат на послужавник и нека постојат 30 минути.
Сега над пареа се растопува белото чоколадо со маслото и се потопуваат бомбиците.
Се декорираат со малку рендана кора од портокал.
Јас воопшто не додадов шеќер, бидејќи урмите се доста благи, а нежна киселка нота дава брусницата.
Доколку имате поцврсти урми ( моите беа премногу сочни) ве советувам пред употреба да ги ставите во топла вода 15 минути, да постојат, па да се процедат
Лиценца: Сите права се задржани