![Посни буритоси](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/04/buritos-presek-f0f03a-800x600.jpg)
30
апр
2021
Посни буритоси
За последната недела на Велигденските пости еве еден брз и вкусен рецепт.
1. Во Делимано тава се запржува сецканиот кромид. Се додаваат ситно сецканите печурки - убаво да се пропржа/омекнат, па потоа се додава ситно сецканата пиперка. На крај се додава црвениот грав и доматниот сос. Доколку е потребно, се додава малку вода. Се остава 10 мин. да се пропржи, се зачинува со сув зачин, бибер.
2. Тортиљите се потпекуват на нелеплива тава и се полнат со филот. Можете по желба да додадете и рендан посен кашкавал.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови