Ако сакате да се заблажите за време на пости еве една вкусна, слатка тортичка, која е вистинско заблажување и за оние кои не постат.

Подготовка
1. Сите состојки за бисквитното тесто се мешаат, се истура во тавче смесата. Се расплескува со рака и се пече на намрсена хартија во тавче бр.26 на 180 степени околу 30 минути.
2. Откако ќе се излади се сече на два дела и секој дел се прелива со рум измешан со вода.
3. Се прави пудингот, на крајот се додава и румот и се остава да се излади.
4. Урмите се ставаат во блендер или сечко и се мелат. Доколку ви се суви додека ги мелете, додадете од смесата со пудинг и мелете до совршено мазна структура (па добро и не мора толку да е совршена).
5.Сомелените урми и мелените ореви се спојуваат со изладениот пудинг и тоа ни е филот. Се филува тортата и се украсува по желба.

Забелешка
Јас претпочитам чај од портокал, ама при оваа подготовката имав чај од боровница. Тестотот е погусто, па затоа е потребно да го расплескате убаво. Тортичево е благо, ако сакате умерено да биде благо, намалете го шеќерот во тесто, ама во тој случај не знам како би испаднал пандишпанот. Користев пресовани урми без семка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани