
14
дек
2013
Посна солена торта со праз
Оваа посна торта во рецептот ми стои како посна проја. Иако нема пченкарно брашно, вкусна е и многу лесна за подготовка.
Празот и маслинките ги сечкаме на ситни парченца. Ги додаваме останатите состојки ( брашното, пецивото, водата и зејтинот) и мешаме. Сместа ја делиме на две и во едната го додаваме ајварот и малку мелен црвен пипер, ако сакате да го зголемите интензитетот на вкусот и бојата. Истураме во силиконска тава и посипуваме со сусам. Печеме на 200 степени.
Забелешка
Шољите се од 150 мл. Инаку во тортата може да ставите само бело брашно, ако не сакате да комбинирате со ржано и со интегрално брашно.
Лиценца: Сите права се задржани