3
јан
2013
Посна салата со макарони и туна
Ги вариме состојките од мешаниот зеленчук и ги процедуваме. Макароните исто така половина или малку повеке од пола ги вариме со малку сол. И нив ги процедуваме. Во длабок сад ги додаваме сите потребни состојки потребни за оваа салата и добро промешуваме. Ајварот го додаваме најпосле и салатата ја мешаме се додека не се соединат добро сите состојки.
Оваа салата ја пробав кај моја драга пријателка Јасмина, многу ми се допадна и сакам да ја споделам овде. Ви ја препорачувам, направете ја има одличен вкус. Јасминче ти благодарам за убавиот рецепт. Ви посакувам добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Srekni praznici!!
тоа дури ни мене не ми текнало да смешам, а ми текнуваат чудесии :) :) :) :)