Испечати

Посна салата со макарони и туна

Посна салата со макарони и туна

Состојки

  • 1/ 2 пакетче ситни макарони без јајца ( или по желба)
  • 1 пакетче зеленчук златна мешавина
  • 2 конзерви сецкана туна
  • 6 лажици ајвар
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка вегета (црн бибер и други зачини по вкус)

Подготовка

Ги вариме состојките од мешаниот зеленчук и ги процедуваме. Макароните исто така половина или малку повеке од пола ги вариме со малку сол. И нив ги процедуваме. Во длабок сад ги додаваме сите потребни состојки потребни за оваа салата и добро промешуваме. Ајварот го додаваме најпосле и салатата ја мешаме се додека не се соединат добро сите состојки.

Оваа салата ја пробав кај моја драга пријателка Јасмина, многу ми се допадна и сакам да ја споделам овде. Ви ја препорачувам, направете ја има одличен вкус. Јасминче ти благодарам за убавиот рецепт. Ви посакувам добар апетит.