
23
јул
2014
Посна тава со макарони и зеленчук
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее.
Додајте ги во тавата сецканиот кромид, пиперка и морковите исечени на кругови.
Откако ќе се запржат додајте ја излупената и изрендана тиквичка.
Откако ќе се запржи и тиквичката додајте го излупениот и исецкан домат.
Зеленчукот нека проврие кратко со сокот кој го пушта доматот, па во тавата додајте го оризот, компирите исечени на коцки и сецканите нане и магдонос.
Пропржете уште малку, па додајте го црвениот пипер,по вкус мешан сув зачин и црн бибер.
Налејте топла вода и додајте ги макароните.
Покријте со капак и оставете да се готви на тивок оган.
Лиценца: Сите права се задржани