Кромидот, лукот, морковите и пиперката ситно исечкајте ги и ставете ги во тава да се пржат. Откако ќе омекнат, ставете ги и исечканите домати, па компирот кој сте го исечкале на ситни коцки и магдоносот. Зачинете.
Во тава наредете еден ред од тиквичките (исечени на кругови), ставете го филот и одзгора уште еден ред.
Залијте со сокот од домати, турете вода да ги прекрие, покријте ја тавата со алуминска фолија и ставете ја во загреана рерна да се пече. На крајот извадете ја фолијата да добие боја и коричка.
Ова јадење кај нас дома го јадиме засебно, ама вие можете да го користите и како прилог со печено мевце. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови