Посна баклава со кокос
Брзинска баклава, си ја викам јас, но вкусна...
Околу 250гр. ореви се мелат, а 150гр. се сецкаат.Им се додаваат другите состојки и малку топла водичка за да се спојат состојките.Филот го делиме на 7-8 дела, во зависност од тоа колку кори има паковањето.Секоја кора се попрскува со масло, а на секоја 4 на почетокот се става од филот и се витка ролат. Краевите им ги сечам уште одма, пред да ги ставам во намрсен плех.Се така додека не ги завиткаме сите 7-8 ролати.
Остатокот од маслото го вжештуваме и ги прскаме корите.
Ја сечиме на сакана големина, јас обично колку едно макарче.
Се става да се печи во загреана рерна и тоа околу 45 мин. на 180 степени. Ја оставаме убаво да се излади.
За шербетот ги зовриваме водата, шеќерот и ванилата, се додава лимоновиот сок и се вари уште 15 мин. на умерен оган, односно додека ја добие потребната густина. Го оставаме малку да олади и со топлиот шербет ја залеваме баклавата. Малку од шербетот враќаме на оган, да зоврие некоја минутка и ја дополеваме.
Нека одстои повеќе часа, пришто одвреме-навреме ги превртуваме парчињата за поубаво да си примат од шербетот. Можи да декорирате со растопено чоколадо.
Сладете се и уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани