30
мар
2014
Посен ориз со брокула
Брокулата искинете ја на мали цветчина.
Кромидот и лукот ситно исецкајте ги, а морковот изрендајте го. Ставете ги малку да се запржат во тава со масло. Потоа додајте го оризот и измешајте. Додајте ја водата, брокулата, магдоносот и зачините по вкус. Оставете го да се вари додека оризот омекне и течноста испари.
Оризот послужете го топол со свежа салата по желба.
Еве уште еден мој предлог за посен ориз, можи ќе ви се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани
вчера испробано, зготвено во студентски услови.. мераци, превкусно :))