Посен мајонез од брашно од наут
Многу ми се допадна, вкусен е, кремлив, интересен. Брашното сама го направив, сомлев жив наут во Нутри булетот. Зачините може да си ги прилагодите по сопствен вкус, еднаш ставив и малку лук во прав, па се доби поинтересен вкус. Eкспериментирајте слободно.
Подготовка:
1. Вo тенџерче ставете го брашното и водата и нека постои, отприлика половина час. Потоа ставете го тенџерето на оган, мешајќи цело време, се додека не се свари, ќе се добие густа каша. Изладете ја.
2. Ставете ја кашата во блендер, додајте го сенфот, лимоновиот сок, зачинете по вкус и постепено додавајте масло, цело време блендирајќи. Треба да се добие убава, мазна смеса, како сос.
Уживајте во вкусовите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
домашни се или не? :)
оти ако се, давај го овде и тој рецепт :)