Полутегната пита со праз
Превкусна, превкусна, крцкава, богата со фил е оваа пита.
Пробајте ја.
1. Прво го подготвуваме филот за да се излади. На тивок оган ставаме голема тава, додаваме ситно сецкан праз, масло и пржиме додека не застакли. Тргаме од оган и додаваме сол и бибер. Потоа ставаме урда, младо сирење, јајца. Промешуваме и оставаме на страна.
2. Во сад ги ставаме млекото, шеќерот, квасецот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да одстои само 5 минути. Потоа во вангличката ја додаваме водата, сол, масло и јацето. Промешуваме. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто. Одма го делиме на 6 топчиња, кои ги сукаме во мали кори.
3. Во мал сад на оган ги соединуваме маслото и путерот. Со четка од двете страни ги премачкуваме корите со маснотијата и ги оставаме на работната маса. Нека одморат така 10 минути. Потоа на работната маса ставаме 3-4 капки масло. Ја земаме првата кора и со рацете ја развлекуваме, онолку колку што ни дозволува тестото. Расфрламе од филот и заролуваме. Краевите ако се малку задебеленки, ги подсекуваме со нож.
4. Вака подготвените ролати ги редиме во намастена тава. Сега ја вклучуваме релната да с е загрее на 180 степени. Ролатите ги премачкуваме со остатокот на јајце и посипуваме сусам. Печеиме во загрена релна околу 30 минути. Испечената пита ја вадиме на решетка, малку да излади, па ја сервираме со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани
И ова утро подготвена
Совршенаааа