Овие тиквички не се разликуваат од остнататите, но тоа што ги прави малку необични е необичниот вкус кој го даваат токму зачините.

1.Измиените тиквички исечете ги на половина, издлабете ги да заличат како чамци, посолете и оставете ги да пуштат сокот кој го содржат, а тоа е околу 15 мин. Содржината која сте ја издлабиле сочувајте ја за филот.

2. Кога одстојале доволно, исцедете ја течноста која ја пуштиле, ставете ги во тавче обложено со фолија или хартија за печење, ставете ги во рерна да се лесно подпечат. Не ставате никакво масло.

Фил
1. На маслиново масло пропржете го ситни насецканиот кромид и изренданит морков, магданос и лук. Пржете додека кромид не стане како стаклен, па додајте го месото, нека се пржи малку време и додајте ги останатите зачини- тимијанот и рузмаринот, малку сол, биберот. Количински колку ќе ставите останува по ваш сопствен вкус. Кога месото веќе е скоро пржено, додајте ја дури сега содржината од издлабените тиквички и продолжете да пржите додека испари течноста која ја пуштиле, а за тоа време и месото потполно ќе се испржи. Тргнете тава од шпоретот, додајте пармезанот и измешајте.
2. Додека го пржевте месото - тиквичките во рерната се веке испечени. Извадете ги и наполнете ги со филот, покријте го филот со павлака и вратете во рерната за околу 15-20 мин. да се подпече павлакта.

Тоа е, нема друго, освен што ви останува уживањето во вкусот мирисот од зачините.

НАПОМЕНА
Јас денес немав пармезан, надвор е толку топло и не се излегува па нека се работи и за пармезан- поради што комотно си го заменив пармезанот со рендан кашкавал пола со филот пола со павлаката и резултатот е токму тоа што го гледате на сликите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани