Необичен колач со големо изненадување на непцето. Си ја има освежителната нотка...
Постапка
1. Двете врсти на брашно, шеќерот, пецивото и мелените бадеми измешајте ги.
2. Крем сирењето измешајте го со шеќерот во прав, ванилата, јајцата, сокот и ренданата кора, сувото грозје и мелениот бадем, додадете го млекото. Измешајте. доколку некој сака колачот да биде поинтензивно ароматичен, нека додаде сок и рендана кора и од портокал и од лимон.
3. Во намастена модла постелена со хартија за печење ставете 2/3 од сувата смеса на брашната, прелијте врз него полутечната смеса од крем сирењето, а врз него посипете го остатокот од мешавината на брашната.
4. Маргаринот исечете го на коцки и распоредете врз површината на колачот.
5. Печете во загреана рерна на 180-200 степени околу 60 мин.
6. Оладен колачот посипете го со прав шеќер, можете да го послужете со овошен сос.

Напомена
- Место суво грозје можете да ставите брусница.
- Доколку сакате и повеќе ароматичен да е колачот, тогаш во филот можете да додадете и рендана кора и сок од портокал.
Да ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани