1. Издлабете ги тиквичките откако ќе ја засечите дршката. Семките фрлете ги, а месото длабете го колку можете до потекни ѕидови. Месото од тиквичките исечкајте го ситно. Исто и кромидот, а компирот изрендајте го.

2.Во нелеплива тава со масло ставете ги заедно и пржете ги додека омекнат. Додадете го пиперот, па меленото месо и малку покасно зачините. Пржете додека се испржи месото, т.е. испари течноста од него, па додадете го бешамелот. Мешајте и допржете додека се убаво се соедини и добие кремаста густина.

3.Полнете ги тиквичките со филот и затворете ги со отсечената дршка. Ставете ги во намастена тава и полејте во неа 1 чаша вода. Во тавата покрај тиквичките може да ставите и некој прилог кон јадењето, како потенко исечени компири, прокељ и морков.

*Доколку ви остане малку од филот, може да го додадете во тавата или пак да го принесете откако ќе го сервирате јадењето, како додаток на некој погледен :)
Печете на 200С.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови